8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Во тек е рехабилитација на неколку прилепски улици

Се асфалтираат неколку улици во Прилеп:  крак од улицата „Јоска Јорданоски“, наспроти старата општинска зграда, а деновиве екипите ќе работат на улицата„Браќа Ламески“ и дел од „Киро Пајмакоски“. Увид во градежните активности денеска изврши градоначалникот на општина Прилеп  Борче Јовчески.

„Деновиве се започна со реконструкција и рехабилитација на крак од улица „Јоска Јорданоски“, „Киро Пајмакоски„ и „Браќа Ламески“ во должина од 400 метри. Во најскоро време пред снеговите, очекуваме дека во функција и сообраќај ќе бидат пуштени улиците од овој дел на градот“, истакна градоначалникот Јовчески.

По нивелирање на шахтите, ќе се постави нов асфалтен слој

со вкупна површина нод 960 м2 . Реконструкцијата и рехабилитацијата

на сообраќајниците ќе трае се додека дозволуваат временските услови.

Би можело да ве интересира

Прилепчани прашуваат: Која е цената на човечкиот живот?! (ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Во Прилеп ќе продефилираат 50 гајдаџии – 50 години од Фестивалот „Пеце Атанасовски“

Работилници “Активација на ранливи групи на пазарот на трудот преку менторство и коучинг”

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе