21.1 C
Прилеп
среда, 17 јуни, 2026
Пела Радио

ЈКП,, Комуналец’’ – Прилеп започна со ноќно миење на сообраќајниците

Подигнување на степенот на јавната хигиена во градот согласно Програмата за работа на ЈКП Комуналец е главната причина заради која екипи на ова јавно претпријатие започнаа со ноќно  миење на сообраќајниците со цел чиста и здрава животна средина. Приоритет се главните улици во градот, што не значи дека ќе бидат изоставени останатите сообраќајници.

„Во првото ноќно миење беа опфатени главните сообраќајници во градов, а дел од граѓаните го испочитуваа барањето за отстранување на  паркираните возила од тротоарите. Се замолуваат граѓаните да ги подржат сите активности на јавното претпријатие и со коректно однесување да придонесат Прилеп да го има приматот најчиста и најзелена општина во Македонија. Ги информираме граѓаните кои по објавата имаа свои барања, сугестии и критики до јавното претпријатие, дека во целост ќе се испочитуваат нивните барања, согласно временските услови и расположивите ресурcи, но ниту една улица нема да биде изоставена во динамиката за работа, а која е обврска на јавното претпријатие. Бараме разбирање од граѓаните, зашто во моментов јавното претпријатие работи по приоритети,“ стои во соопштението од ЈКП Комуналец Прилеп.

„Програмата за одржување на јавно прометни површини“ на територијата на општина Прилеп се  реализира согласно формулата за фреквенција на движење на возила и луѓе и оптоварување во сообраќајот.

 

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) РИСТОВСКИ:ТРИ СПОРТСКИ ОБЈЕКТИ ГОДИНАВА ЌЕ „ЗАЖИВЕАТ“ ВО ПРИЛЕП

Без водоснабдување повеќе улици во Прилеп

Пела Редакција

(ВИДЕО)Пензионерите на протест – бараат линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе