7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Културна манифестација и средба на градоначалникот Јовчески со унгарскиот амбасадор Дукс

Во чест на јубилејот, 20 години од постоењето на унгарското здружение во Македонија „Теледом“ и со помош на унагарската Амбасада денеска во Центарот за култура „Марко Цепенков“ се одржа манифестацијата „Унгарски културен мозаик“ со изложба и музички настапи. Проектот се реализира во рамките на соработката на прилепскиот Центар за култура со унгарската Амбасада и со здружението „Теледом“.  На манифестацијата присуствуваше унгарскиот амбасадор во земјава Иштван Ласло Дукс, градоначникот Борче Јовчески и претседателот на Совет на општина Прилеп Дејан Проданоски.

-Иако е малкубројна унгарската заедница сепак е активна и многу ни е мило што Здружението „Теледом“ има можност да се претстави со дел од унгарската култура. Прилеп за нас е многу важна дестинација зашто долги години соработуваме, изјави амбасадорот Дукс.
Унгарската заедница во Македонија датира од 70 тите години, а здружението брои над 200 члена беше речено на настанот.

– Здружението има јубилеј на активно дејствување од две децении. Тука сме прифатени одлично, имаме мешани бракови и секогаш нашата интенција е да не бидеме повластени, но, да имаме, а така е, еднакви права со сите, изјави Јожев Шутош, претседател на здружението на Унгарците во Македонија.

Работна средба со унгарскиот амбасадор, Ласло Дукс денеска оствари градоначалникот на Општина Прилеп, Борче Јовчески, на која присуствуваа и претседателот на Советот на Општина Прилеп Дејан Проданоски и претседателот на Здружението на Унгарците во Македонија, “Теледом”, Јожеф Шутуш. Беше разговарано за продлабочување на соработката меѓу Општина Прилеп и Унгарија, како земја пријател на нашата држава и  размена на искуства во областа на културата и  економијата.

– Унгарија како земја членка на ЕУ е наш иден партнер каде што взаемните соработки ќе ги остваруваме постојано. Во наредните четири години како градоначалник на Општина Прилеп ќе овозможам комплетна соработка понудувајќи  му ги сите благодети каде што културниот и економскиот просперитет ќе најдат свое место“, посочи градоначалникот Јовчески.

 

 

 

Би можело да ве интересира

Намали тутунската откупна динамика, досега преземенo 65 отсто од производството

Две децении од крвавиот настан кај Карпалак – Пендаровски, Мицкоски… во Прилеп

Елизабета Филипоска

Водата од јавните чешми во 7 села и од две крајпатни чешми не е исправна

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе