7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Изложба на дела „Мал формат“ во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“

Oд  петок напладне (24 декември) и во наредните три недели, во Ликовната галерија од ЦК „Марко Цепенков“ љубителите на уметноста  ќе имаат можност да се запознаат со делата Мал формат од 30 уметници – членови на ДЛУМ, меѓу кои Андријана Мациев, Дејан Иванов Маргуш, Драган Верговски Алпи, Жаклина Глигориевска Кочовска, Ирена Паскали, Маја Танева, Марија Светиева, Мирјана Крстева Массетти, Слободан Милошевски, Тања Tаневска, Стефан Хаџи Николов, Христина Зафировска…

Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25 см претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка. Изложбата „Мал формат“ на ДЛУМ е традиционална поставка на крајот на секоја година, а темите се слободни. Има дела со кои уметниците се навраќаат кон природата, кон пејзажот, но колорит и композиции кои се апстрактни.

Изложбата е поддржана од Министерството за култура и е во соработка со ДЛУМ.

Би можело да ве интересира

Џез звуците на првата фестивалска вечер на Prilep Jazz Weekend освежување на културното прилепско мени

Елизабета Филипоска

Дела од “Прилепското уметничко лето 2018“ пред Прилепчани

Елизабета Филипоска

15 дела „Прогрес“ од уметникот Методија Јорданоски

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе