29.1 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Прилеп вечерва ќе биде град на поезијата – по 18 пат ќе се одржи ,,Поетско Маркукуле 2025,,,

Клубот на литературни творци Прилеп вечерва ја организира манифестацијата ,,Поетско Маркукуле 2025,,,  на која ќе настапат  над 100-тина  поети од градот и од земјава. Манифестацијата почнува во 18 часот, на летната сцена на центарот за култура „Марко Цепенков„

Оваа година на конкурсот, објавен во мај,  е пријавија околу 200 поети од сите градови на Македонија, како и поети од над 10 други држави : од Србија и Бугарија, од Хрватска, Црна Гора, Босна и Херцеговина, Австрија, Англија, Белгија, Албанија, Словенија ….

“ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ 2025” се одржува по осумнаесетти пат. На  настан ќе биде претставен и Зборникот „Поетско Маркукуле 2025“

Манифестацијата се одржува со поддршка на Општина Прилеп, НУЦК ,,Марко Цепенков и Министерството за култура и туризам на Република Македонија.

Меѓународната традиционална поетска манифестација “ПОЕТСКО МАРКУКУЛЕ”, претставува благороден и успешен начин преку литературата и убавиот пишан збор, да се запознаат и зближат луѓето од различни култури и простори. На тој начин, поезијата станува мост за поврзување на поетите од Македонија, со поетите од Балканот и пошироко, што го потврдува фактот дека за поезијата и за говорот на љубовта не постојат граници, и дека јазикот на поезијата и љубовта го разбираат сите”, стои во поканата од организаторите.

Би можело да ве интересира

Најдобрата терапија за човештвото е уметноста – втор ден МТФ „Војдан Чернодрински“

Прилепскиот театар со „Аудиција“ гостува на театарски фестивал во Србија

Изложба на Мирослав Живковиќ во Цепенков

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе