11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Витаминка со пакетчиња за штитениците на Националниот сојуз на глуви и наглуви

Витаминка подели новогодишни пакетчиња за децата од Националниот сојуз на глуви и наглуви. Пакетчињата преку локалните канцеларии на Сојузот се распределени и доставени до децата со оштетен слух и говор низ целата територија на Македонија.

„Со нашата свесност и општествена активност се обидуваме да ги следиме и соодветно да одговориме на секојдневните потреби на овие деца, како и на многу други кои се засегнати од социјален и економски аспект. Но со цел да им се долови празничната атмосфера, овој пат им подаруваме новогодишни пакетчиња, она на што секое дете најмногу се радува и се обидовме да опфатиме што е можно повеќе деца од целата држава и од различни категории. Витаминка и понатаму ќе помага на оние што имаат потреба и ќе го дава својот придонес за создавање еднакви можности за образовна, општествена, културна и социјална инклузија“, велат од Витаминка.

Со новогодишните пакетчиња за децата со оштетен слух и говор, Витаминка ја поддржа и иницијативата на заедницата #ТвитерДедоМраз.

Дополнително компанијата претпразнично додели пакетчиња и за децата од Здружението за поддршка, интеграција и ресоцијализација ЛИНК, донација за децата од СОС Детско село што беше организирана заедно со Капитол мол, за Граѓанската иницијатива „Мети си со класнето“, за Здружението за меѓународна младинска соработка Интерактив Битола и уште поединечни донации за училишта и за деца од социјално загрозени семејства.

Би можело да ве интересира

ИЛИНДЕНСКО ПОСЛАНИЕ НА АРХИЕПИСКОП  ОХРИДСКИ  И  МАКЕДОНСКИ Г.Г СТЕФАН

Елизабета Филипоска

Slow food со уште едно успешно пазарче во Прилеп

Пела Редакција

Велигденска донација за гинеколошкото одделение во прилепската болница

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе