29.4 C
Прилеп
вторник, 14 јули, 2026
Пела Радио

Во ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ Прилеп кога се дарува тоа е од 💝

Периодот кога се одбројуваат последните денови од старата година е време на дарување, радост и насмевки, а предновогодишното расположение и радост најмногу се гледа и чувствува кај децата, кај најмладите. Токму затоа општествено одговорните компании и институции со скромни, но за децата големи подароци, умеат да ги направат деновите за нив уште повесели и посреќни.

Прилепските детски градинки „Наша иднина“ деновиве предновогодишно добија донации од повеќе фирми чија што основна порака е – даруваме од срце! Витаминка во соработка со Општина Прилеп донираше 1 200 пакeтчиња, Алкалоид, за превенција од настинки во овие зимски денови, испрати 900 сирупи Б комплекс, транспортната фирма „Цајо“ обезбеди клима инвертер, а компанијата Дрекслер Мајер донираше еден камион  играчки за децата од сите воспитни групи.

„Децата се заблагодарија со голема радост, а своите емоции најдобро ги пренесуваат во цртежи“, вели  директорот Орце Тодоровски.

Само може да се каже дека: кога една ваква општествена установа каде се згрижуваат најмладите и најмилите се менаџира со посветеност и љубов, тоа се враќа со искреност и доверба од заедницата. Пред само неколку месеци успешно беше реализирана уште една од најголемите донации со која што се подобрија условите за работа и престој во прилепските детски градинки. Компанијата Гентерм донираше  над 31 илјади евра во  6 индустриски машини за перење и сушење во градинките Гоце Делчев, Мирче Ацев и Тризла, како и  750 м2 ламинат, во вредност од 6 илјади евра.

ЈОУ Детски градинки „Наша иднина“ згрижува  околу 900 деца во 55 воспитни групи во Прилеп и во населените места во општинава.

 

Би можело да ве интересира

(Видео) ОБИЧАЈ: Плетење и поставување венец за Иванден во манастирот Св. Јован Крстител (Маркова Чешма)

Алтернативен пат, па потоа уривање на мостот, бараат граѓаните на протестите на патот Врбјани – Кривогаштани

Пела Редакција

Заедничка литургија на митрополитите од Македонската православна црква – ОА, ГПЦ и БПЦ во прилепската црква „Свето Благовештение“

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе