На планискиот превој Плетвар, од вечерва, од 18:40 часот е воведена забрана за сообраќај за тешки моторни возила и автобуси кои немаат зимска опрема, соопшти АМСМ. Сообраќајот за останатите возила се одвива на отежнато, бидејќи патот не е расчистен, а снежните врнежи се проследени и со ветер. Ова се реакциите на граѓаните на социјалните мрежи:
https://www.facebook.com/rubin.petreski/videos/450027613283475
Но, состојбата и во градот не е подобра. Неисчистени улици, небезбедни тротоари, како Прилеп да се наоѓа во Сибир. До наутро состојбата нема да биде ништо подобра бидејќи се најавуваат врнежите од снег постепено да се намалуваат, а ниските температури ќе предизвикаат дополнителни грижи и за пешаците и за возачите.