7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ПРИЛЕП ГОСТИН НА ДУБОЧИЦА

Во рамките на подготовките за вториот дел од Супер лигата, екипата на РК Прилеп ќе одигра два меча со српскиот суперлигаш Дубочица. Првиот дуел е вечерва во 19 часот, вториот утре во 14. Во салата во Лесковац тренерот на Прилеп, Горан Кузманоски – Таста ќе има некомплетен тим, без голманите Иван Ангелески и Стефан Христоски, новодојдениот кавадарчанец Марко Трајковски, Хари Павлов, Владимир Трајкоски, Сашко Манчески и Грузиецот Хазеин Рустамов. Сепак, пред прилепскиот клуб, во кој нов е уште еден кавадарчанец, Марио Гичев, е можноста за тестирање на формата, воедно одржување на пријателските односи со клубот Дубочица, кој беше учесник на летниот турнир „Миле Нешкоски“.

Претходно РК Прилеп одигра два меча со прволигашот Вардар од Неготино, а по враќањето од Србија има време за уште некоја контрола до 3 февруари, кога е суперлигашкиот старт.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕПЧАНИ ОТВОРААТ КЛУБ ВО ГЕРМАНИЈА

Елизабета Филипоска

ФК „Преспа“ слави сто години

Елизабета Филипоска

Златно спортско перо за Кирил Самарџиоски

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе