1.8 C
Прилеп
петок, 3 јануари, 2025
Пела Радио

Некогашниот министер за транспорт Јанакиески, со патерици до суд

Миле Јанакиески, некогашниот министер за транспорт и врски, по потекло од Прилеп,  денеска со полициска придружба бил спроведен во Суд на рочиште за случајот „Топлик“.Како што бишува „Слободен печат„ наредбата дошла од судијата во случајот, Осман Шабани, а по барање на обвинителот Бурим Рустеми.

Јанакиески имал уредна медицинска белешка дека не може да присуствува на рочиштата до седми февруари бидејќи имал сериозна повреда на ногата поради што пред неколку дена бил опериран и сега е на домашно закрепнување. Изминатите рочишта за случајот „Топлик“ беа одложени поради тоа што обвинетиот Јанакиевски го скршил коленото.

Во случајот „Топлик“ кој го отвори СЈО пред пет години, Јанакиески се товари за продажба на државно земјиште за изградба на комплексот „Сончев град” во Сопиште.

Фото: Република

Преземено од: slobodenpecat .mk https://www.slobodenpecat.mk/janakieski-so-skrshena-noga-dojde-vo-sud/

Би можело да ве интересира

ОЈО Прилеп одреди притвор за трговецот со дрога од 200 000 евра

Гордана Цветаноска

Работниците од ,,Дрекслмајер” на принуден одмор без прецизен старт на повторно производство

Јовчески: Општината ќе помогне со привремено сместување и максимална финансиска помош на семејствата чии што куќи изгореа во пожарот

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе