Модерна со брз ритам а во исто време певлива и динамична како и вокалот ,Виктор Апостоловски кој е во конкуренција да го исполни сонот , да стапне на грандиозната евровизиска сцена во Торино.”СУПЕРМЕН” на битолчанецот Вик, те прави да играш , да потпевнеш но и да осетиш многу позитивна енергија.Виктор ни гостуваше во нашата програма и ни покажа дека не е случајно неговата кандидатура за евровизиски преставник на Македонија. Музиката и аранжанот за оваа несекојдневно атрактивна песна ги напиша Владимир Дојчиновски – Дојчин, а текстот е заедничко дело на пејачот и авторот.
Битолчанецот Виктор Апостоловски ни откри многу пикантерии за неговата “суперменска” а во исто време ни го претстави и целиот свој темперамент во поитивна смисла, сето тоа заедно во комбинација со ковер со гитара како и со одлична изведба на познати хитови , директно во радиото што се гледа.
Гласањето сеуште трае , за тоа кој ќе биде новиот евровизиски преставник од нашава земја, а вие едноставно погледнете го разговорот во целост и секако , уживајте во позитивната енергија која и тоа како може да се пренесе и “online”.