11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Се дигитализира архивата на театарот „Војдан Чернодрински“ Прилеп

Во ЦК „Марко Цепенков“ во тек е дигитализација на старата архива на театарот „Војдан Чернодрински“. Се скенираат фотографии, плакати, исечоци од весници, големо богатство од архивски материјал на театарот, создавано од неговите почетоци, од 1950 година па се до 2000 година.

-Архивата на театарот, која  сведок е создавањето на театарската историја во градот, е сместена во папки во кои има фотографии и плакати од премиери од секоја година поединечно, како  и друг материјал,  односно исечоци од весници во кои се пишувало за одиграната претстава. Ова е голем проект за Театарот, кој ќе се реализира подолгорочно, бидејќи треба да се обработат илјадници фотографии и плакати, со што ќе се заштити  театарското наследство – велат од ЦК „Марко Цепенков“.

Проектот е поддржан од Министерството за култура во 2021 година, со што, беше набавена соодветна опрема за дигитализација.

Завесата на театарот за првпат се кренала на 18 февруари 1950  со претставата „Кир Јања“ од Ј.С. Поповиќ, во режија на Аце Михајловски, при што се роди театар кој изоди голем пат до потполна афирмација.

Инаку, во театарот „Војдан Чернодрински“ се интензивираат подготовките на претставата „Декамерон“ во режија на Мартин Кочовски.

Би можело да ве интересира

Боево гаѓање на стрелиштето Леково

Пела Редакција

Галовеј: Привилегија и чест е што се запознав со приказната за Трескавец (ФОТО – ВИДЕО)

Гордана Цветаноска

Во општина Прилеп регистрирани 62.082 граѓани со право на глас

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе