7.3 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Се чисти околу разрушениот мотел кај Вештачкото Езеро

ЈКП ,,Комуналец’’- Прилеп продолжува со чистење на околината на вештачкото езеро. Од ПР службата велат дека могу отпад, трње, шипови и камен се чисти кај мотелот од вештачкото езеро . „Денеска се чистеше отпад, трње и шипови околу распаднатиот мотел, а воедно се чистеше и рамнеше теренот на потегот под паркинг просторот од Спортско рекретивниот комплекс ,,Езеро’’.„- велат од ЈКП Комуналец

Со оглед на тоа што околината кај вештачкото езеро од секогаш се користи како излетничко место, комуналците и во наредниот период етапно ќе продолжат со чистење на околината, со цел, овој излетнички комплекс да добие врвна чистота, а воедно да се создаде здрава животна средина, велат оттаму и апелираат до граѓаните  да ги користат контејнерите за отпад кои се поставени на неколку локации и  корпите за отпадоци, како би помогнале во заложбата на комуналците да  природата околу вештачкото езеро да не се загадува.

Би можело да ве интересира

Обоено и весело се одбележува „Неделата на детото“ во прилепските градинки

Пела Редакција

Чествувањата за загинатите на Карпалак започнуваат од денеска

Гордана Цветаноска

Граѓански парламент – ново советодавно тело во Општина Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе