11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

„Липите„ се враќаат на булевар

На потегот од споменикот на Прилепски бранители до Автобуската станица липа се засадува на местата на старите, дотраени и искорнатат дрвја. Липа биле симбол на прилепските пешачки зони, а нивниот мирис во пролетните месеци бил опоен и впечатлив, велат повозрасните граѓани кои уживале во деновите кога липите цветале.

 

Па,  ЈКП,, Комуналец’’- Прилеп, во соработка со Локалната самоуправа одлучи да ги обнови липите и започна со засадување на липа.

Пролетва на ЈКП Комуналец, во рамките на уредувањето на градот е збогатување на дрворедите и  засадување на дрвја да се одвива етапно на повеќе локации низ градов и населените места.

 

 


Липа, костен, бреза и јасен ќе се засадува во повеќе паркови и по тротоарскиот дел од улиците, а планирано е да се засади бадем и обнови старата исечена и уништена бадемова шума под Марковите кули,велат од ПР службата на ЈКП Комуналец.

Би можело да ве интересира

Реализацијата на развојните планови во Прилеп наместо за една се развлекува за две наредни години

Пела Редакција

Вонредна седница на Советот на Општина Прилеп

Пела Редакција

„Подарок за градот Прилеп“ концерт на Националната опера и балет

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе