7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА – Кико со даунов синдром растура на татамите (ВИДЕО + ФОТО)

Спортска приказна која плени , спортски живот кој му го промени и секојдневието на Кристијан Стојкоски – Кико , личност со даунов синдром кој од Октомври минатата година тренира во џудо клубот Сеишин. На иницијатива на неговата сестра сега Кико е дел од тренажниот процес во прилепскиот клуб кој без размислување од страна на управата и стручниот штаб ја прифатија таа идеа и сега стручно и професионално ангажираа тим кој работи со него. Активните џудо ветерани,  Киро Здравески  е задолжен за координација со активностите на Кристијан како и Маке Спиркоски кој е и негов спаринг партнер , човек со големо искуство но и со професионални вештини стекнати во својата професионална дејност како наставник.

За време на гостувањето во нашата отворена програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , возбудата на Кико беше голема , тој успеа да ни каже и зошто оди да тренира џудо , кој е најдобар тренер и колку го сака џудото како спорт , вели “сакам да работам и да научам а и ми аплаудираат сите кога сум на татамите” И навистина е така вели неговата мајка Снежана Стојкоска која рече дека џудото на Кико му е добредојдено , син ми се обидува на секаков начин да ни раскаже дома како си поминува на тренинзи , дали со гушкање , дали со пиење на чај , најважно е вели таа што сите покрај неговата среќа сме  исполнети  и веруваме во неговата желба да успее во џудото.

 

Покрај тоа што Кико има желба да тренира , да учи техники , да користи џудо вештини , кико знае дека ова за него е голем предизвик но среќен е што ги има сите оние кои му се потребни за да направи нешто ново во неговиот живот со даунов синдром. Неговите дома , неговите ментори , другарите кои без никаква дискриминација го отпоздравуваат како и неговата книга за џудо од која тој секогаш кога му е најпотребно учи и се потсетува. Цела оваа позитивна спортска приказна која плени можете да ја видите во видеото подолу а ние , ние на Кристијан Стојкоски – Кико му посакуваме навистина успех во она што сака да го работи и покрај сите попречености што ги има.Само напред!!!

Би можело да ве интересира

Прилепските фудбалерки полусезоната ја започнаа со победа

Елизабета Филипоска

Утре слободен ден за екипите на светиниколскиот турнир

Елизабета Филипоска

Продолжуваат успесите на прилепските џудисти

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе