20.4 C
Прилеп
сабота, 19 април, 2025
Пела Радио

Нови пониски цени на горивата, за 9 денари дизелот, за 6,5 бензините

Регулаторната комисија денеска излезе со вонредна одлука за нови цени на горивата. Од полноќ цената на бензините ќе се намали за 6,5 денари, а на дизелот за 9 денари.

„ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе се продава за 86,50 денари, ЕУРОСУПЕР БС-98 за 88,50 денари, ЕУРОДИЗЕЛ за 88,00, а Екстра лесното масло за домаќинство за 83,50 денари.“

Ваква одлука донесе регулаторот откако вчера пред полноќ беше усвоен пакетот антикризни мерки за намалување на дддв и акцизата . Во примена, е намалувањето на стапката на ДДВ од 18 на 10 проценти при увоз и промет на енергенси, што се однесува на бензин, дизел, екстра лесно, ТНГ и метан. Извршено е намалување и на акцизите врз основа на средната берзанска цена за бензин, дизел, гасното масло и екстра лесното за греење. Намалувањето ќе изнесува 1,2 или 4 денари во зависност од средната берзанска цена утврдена од Регулаторната комисија за енергетика. Мерката ќе се применува од денеска до крајот на мај и утврдувањето на акцизата ќе се врши два пати месечно – на 1 и 15-ти.

Би можело да ве интересира

Втор ден по ред 4 нови случаи корона позитивни во Прилеп

Македонија го празнува 23 ти Октомври – Денот на македонската револуционерна борба

Гордана Цветаноска

За пожртвованоста со пожарите со 900 000 денари ќе бидат наградени прилепските пожарникари

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе