7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЦРНОГОРЕЦ ГИ ЗАСИЛУВА ПРИЛЕПЧАНИТЕ

Македонскиот пингпонгарски шампион Младост 96 ќе биде засилен во пресрет на дебитантскиот настап во Трофејот на Европа, натпреварување во рамките на ЕТТУ (Европска пингпонгарска унија). Во прилепскиот клуб доаѓа Црногорецот Лука Бакиќ. Станува збор за мошне квалитетен играч, репрезентативец. Со него се верува дека екипата е доволно силна за да биде кандидат за првото место во Г-групата, каде се уште српскиот Темерин и романскиот Одорхеи. Во прилепскиот тим, покрај Бакиќ, уште е Србинот Стефан Костадиновиќ, домашните Петар Костовски, Александар Рикалоски, Андреј Лашкоски, Раиф Рустемовски Антонио Стомнароски, предводени од тренерот Гоце Тошески.

Натпреварите од Трофејот на Европа ќе се одржат на 28 и 29 мај во Одорхеи.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

ТеаАндреа/ХајфКафе победник на светиниколскиот турнир во мал фудбал (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Левиот бек Давор Шокоски како засилување се враќа во РК Прилеп

Елизабета Филипоска

Четирикратниот џудо првак Сеишин на своите членови им посака многу желби за уште поголеми успеси во иднина (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе