На денешната седница на Советот на Општина Новаци советниците разгледаа околу триесеттина точки на дневен ред и усвоија неколку документи : Предлог измени на Програмата за управување со животна средина во однос на влијанието од енергетскиот сектор во општина Новаци за 2022 година и Оперативен план за заштита и одбрана од поплави за 2022г.од страна на АД Водостопанство на РМ – Подружница Битолско поле-Битола.
Советниците дадоа согласност за потпишување на меморандум за соработка меѓу општина Новаци и лицата Рамазан Тезџан и Ахмед Корпулуоглу како промотер на општина Новаци, а ја разгледаа и програмата од ЗФК Новаци 2005 од Новаци за пролетниот дел од натпреварувачката сезона и дадоа позитивно мислење.
На деншната седница беше дадено и „зелено светло“ за доделување на еднократна парична помош по различни основи : за лекување, за реконструкција на цркви и манастири, поправка на селскиот водовод во с.Долно Орехово, поилки во Живојно, црево за вода во с. Скочивир, за одбележување на верскиот празник Велигден во с. Далбеговци …