7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Здравствените работници наградени за својот минат труд

Со скромна свеченост, традиционално, во Прилеп беше одбележан Денот на здравјето 7 ми април. Годинава, чествувањата по повод своевидниот празник беа пролонгирани поради велигденските празници, но тоа не беше причина да отсуствува празничниот дух и славеничката атмосфера. Мотото на одбележувањето на Денот на здравјето 7 ми април годинава е „Здравје за сите – здравје за секаде“. На свеченоста, беа доделени признанија и благодарници за здравствените работници кои со својата лојалност и долгогодишна работа придонесле успешно обавување на здравствените услуги на Јавната здравствена установа „Борка Талески“ од Прилеп. Во таа прилика Драган Богоески, директор на ЈЗУ Општа болница „Борка Талески“ упати честитки до наградените и на сите колеги им посака добро здравје и успешна работа во иднина.
– Работата на здравствените работници не е така лесна зашто се судруваме со различни проблеми и различни карактери, но наша обврска е ние секогаш да постапиме кон нив соодветно на нивниот карактер и да им помогнеме во лекувањето, истакна Богоески.
Со најискрени желби за добро здравје и благодарност за досегашното работење присутните им се заблагодарија на пензионераните колеги кои го посветиле работниот век на ЈЗУ Општа болница Борка Талески, а благодарници за здравствените работници кои работат децении во Општата болница „Борка Талески“ добија: Весна Станкоска, Винета Јованоска, Наташа Дунимаглоска, Стевка Иваноска, Жаклина Бошкоска и Аница Николоска.

Би можело да ве интересира

Новогодишна посета на прилепскиот градоначалник на дежурните служби

Гордана Цветаноска

Започнува Меѓународната ликовна колонија Дрен 2023

Апел до граѓаните – се бараат доброволци, огнот се доближува до с. Крушевица

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе