15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

ЧЕТВРТФИНАЛЕТО ПРЕДАЛЕКУ ЗА ПРИЛЕПЧАНКИТЕ

Во четвртфиналето од Купот во женски фудбал оди екипата на Борец по победата од 7:2 над Деспина, на игралишето со вештачка трева во Прилеп. Фаворитот убедливо победи, а за прилепчанките може да се каже дека даваа солиден отпор до 43. минута кога падна вториот гол. Првиот погодок го даде Србинката Николина Батиниќ во 7. минута, а вториот е запишан како автогол на Кристина Павлоска. Во второто полувреме уште пет гола за Борец – уште два од Батиниќ, два од капитенот Елма Шемсовиќ и еден од втората Србинка Нина Јовановиќ. Но, и во претежно младиот состав на Деспина има неколку мајсторки за голови, како капитенот Катерина Милеска која со два гола за три минути успеа, колку-толку, да го ублажи поразот на крајот.

Деспина в среда има уште еден тежок меч, во 16. коло од Првата лига, кога во Прилеп гостува кандидатот за титулата, струмичка Тиверија.

Извор: www.shampion.mk

Би можело да ве интересира

Прилеп со Лука Најдоски и Фил Феникс во врвот на воздухопловните спортови (ВИДЕО)

Пела Редакција

Македонските џудисти херојски во Прилеп

Утре РК Прилеп го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер – судат Карбеска и Илиева

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе