23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Утре РК Прилеп го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер – судат Карбеска и Илиева

Ракометарите на РК Прилеп, утре (15.04) , со салата на СОУ Ристе Ристески Ричко, со почеток од 19:30 часот, го пречекува вториот тим на Еурофарм Пелистер. Натпреварот е во рамките на петтото коло од плеј-аутот во Супер лигата и прилепската публика очекува нивниот омилен тим да издвојува победа.

Натпреварот ќе го суди македонската интернационлна судиска двојка, Карбеска – Илиева, искусен женски судски пар, кој има одсудено многу мечеви во Лигата на шампионите и во Европските купови, а одлично ја делеа судиската правда и на неколку дерби натпревари во машката Супер лига.

Инаку, РК Прилеп,  во пресрет на дербито ,моментно се на првото место од таблета, со три бода повеќе од Еурофарм Пелистер 2, и , ова ќе биде одлична шанса после подолго време да триумфираат над битолчани, oсобено по сознанието дека се во одлична форма и  во серија од четири последователни победи.

Би можело да ве интересира

ПРИЛЕП ГО СОВЛАДА СКОПЈЕ, ЈА НАДМИНА СТРУГА

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА : Јованоска : Стрелците треба и физички и психички да се подготвени за големите меѓународни натпревари (ВИДЕО + ФОТО)

Никола Димески

БЕЗБОЛЕН ПОРАЗ НА ПРИЛЕП!

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе