7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА : Јованоска : Стрелците треба и физички и психички да се подготвени за големите меѓународни натпревари (ВИДЕО + ФОТО)

Во друштво на натпреварувачи од единаесет земји и во силна конкуренција македонските стрелци се вратија со забележителни резултати од меѓународниот турнир во Босна и Херцеговина.Помеѓу нив и прилепските стрелци Ирина Јованоска и Мартин Ангелески кои повторно покажаа зошто се во врвот на македонското стрелаштво а Јованоска и за прв пат се натпреваруваше лично како екипа заедно со Магдалена Ристеска и Анастасија Мојсоска го освоија петтото место со подобрување на личните рекорди.

Јованоска подолго време во континуитет како натпреварувач е во врвот на македонското стрелаштво а и на државното првенство кое неодамна се одржа во Битола беше и најдобра.За Радио Пела , Ирина вели дека многу е важно за еден стрелец кога се подготвува за еден силен натпревар каде треба да го покаже својот квалитет да биде и физички подготвен но и психички , за да може да се даде максимумот за време на натпреварот.

Во продолжение и целосниот разговор со македонската репрезентативка Ирина Јованоска , која ни гостуваше во отворената програма РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , погледнете.

 

Би можело да ве интересира

Победа денеска го игра одлучувачкиот натпревар за опстанок во Втората лига

Пела Редакција

РК Борец – РК Прилеп 37:30 (20:11)

Од десет џудисти 10 медали

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе