7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Четворицата осомничени за напад на вработени во прилепската болница добија 30 дневен притвор

Основното јавно обвинителство Прилеп донесе Наредба за спроведување истражна постапка против три лица од Прилеп и едно од селото Десово за кои постои основано сомнение дека сториле кривично дело „насилство“ во Општата болница „Борка Талески“ во Прилеп, каде извршиле грубо насилство врз двајца оштетени – еден вработен како обезбедување во болницата и еден болничар.

Четворицата осомничени, на возраст од 37, 33, 39 и 30 години на 17 април, најпрвин грубо ги навредувале и им се заканувале, а потоа физички ги нападнале оштетените, нанесувајќи им повеќе тешки телесни повреди. Со насилството, кај присутните сведоци и во јавноста било предизвикано чувство на загрозување, страв и несигурност, се вели во соопштението од Jавно обвинителство.

Против лицата има основано сомнение дека сториле кривично дело „Насилство“ од член 386 став 6 во врска со став 3 и став 1 од Кривичниот законик.Јавниот обвинител до судијата на претходна постапка достави предлог за определување мерка притвор за четворицата осомничени. Судијата го прифати предлогот и им определи притвор во траење од 30 дена.​​

 

Би можело да ве интересира

Претрес во Прилеп, пронајдена дрога

Гордана Цветаноска

Полицијата денеска уапси две лица кои се заканувале со пиштол

Пела Редакција

Командир во прилепската полициска станица приведен во денешната акција на МВР

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе