11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Јовчески: Апелирам МВР – ИТНО И НЕОДЛОЖНО да преземе мерки за заштита на граѓаните на Прилеп!

Градоначалникот на Прилеп Борче Јовчески денеска се обрати јавно до Министерството за внатрешни работи со апел за воспоставување на ред и мир во градот и општината. Причина за ова е како што рече тој низата насилни настани за кои што нема соодветна и навремена реакција од ресорното министерство и надлежната служба – полициската станица во Прилеп.

„Ова мое обраќање денес, е насочено кон МВР, а е предизвикано од низата насилни случувања во општина Прилеп. Како избран од граѓаните се чувствувам одговорен и јас да реагирам затоа што алармот од Советот со неусвојувањето на последниот извештај од полициската станица Прилеп очигледно не ви беше доволен.

Општина Прилеп мора да биде посигурно и побезбедно место за живеење. Безбедноста на граѓаните и зголемувањето на довербата кон полицијата во насока на поголема сигурност во своето место на живеење, е мој приоритет кон кој како градоначалник на општина Прилеп ќе продолжам да работам.

Светоци сме во последно време дека градот е претворен во место каде што царува криминал, насилство и беззаконие. Во изминативе неколку месеци, се случија бројни настани во кои беа нападнати службени лица, на кои што, за жал, им беа нанесени тешки телесни повреди на своите работни места и извршувајќи ги своите работни задачи.

Оружје, дрога, запалени возила и насилници го преплавија градот, а вакво нешто едноставно е недозволиво.

Јавно прашувам: До кога одговорните службени лица и институции ќе го дозволуваат ова однесување на поединци кои демонстрираат сила или моќ во градот, а со тоа го загрозуваат слободното и безбедно движење на сите мои сограѓани?

Апелирам до Министерството за внатрешни работи ИТНО И НЕОДЛОЖНО да ги презема сите потребни мерки за заштита на граѓаните. Наша основна обврска е да направиме се’ што е потребно секој жител да се чувствува безбеден и сигурен во сопствениот град. Прилепчани го бараат и го заслужуваат тоа!“ посочи  градоначалникот Јовчески, кој најави дека во текот на денешниот ден ќе оствари средба со командирот на прилепската полициска станица.

Инаку, Советот на општината на седницата одржана на 15 ти март годинава не го усвои Извештајот за безбедносната состојба на подрачјето на Полициската станица од општа надлежност – Прилеп за второто полугодие од 2021 година.

 

Би можело да ве интересира

Утре без струја, фирми и села

Елизабета Филипоска

Дигитализацијата и странските јазици, го потиснуваат мајчиниот јазик

Елизабета Филипоска

Помош за лицата кои им треба спас од новот студен бран

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе