23.4 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Крушево вистинска дестинација за велигденските и првомајските празници (ВИДЕО + ФОТО )

Ова е еден голем празник кој што опфаќа голем дел од нашата традиција и нели е продолжен викенд во кој што очекуваме многу гости , градот веќе се раздвижува , сите оние традиционални подготовки на празникот се веќе при крај , вели Сотир Габелоски, ливето за односи со јавност во општина Крушево.

Габелоски потенцираше дека се очекуваат туристи од цела Македонија затоа што овој празник секогаш Крушево го претставува како вистинска дестинација за сите оние кои што сакаат да го почуствуваат планинскиот воздух но и да си поминат празнично во атмосферата што ја доловува градот. Покрај активностите кои се случуваат за време на велигденските и првомајските празници , во Крушево каде се очекува и околу 80% исполнетост на сместувачките капацитети , ќе се одржи и манифестацијата која се одржува неколку години , “Смотра на уникатни шарпланинци” .

Во отворената програма на Радио Пела , РАДИО ШТО СЕ ГЛЕДА , погледнете и кои други манифестации ќе се одржат во овој период  во градот Крушево , од гостувањето во живо на Сотир Габелоски.

Би можело да ве интересира

Вработен во шумско, одзел крадени дрва и ги продал

Донација за народната кујна во Крушево за еден месец топли оброци за социјално загрозените лица

Првите 100 дена од новиот мандат на крушевскиот градоначалник-нови проекти и продолжување на тековните

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе