15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Понеделник е неработен ден за сите граѓани

Министерството за труд и социјална политика соопштува дека согласно со Законот за празниците на РМ („Службен весник на РМ“ бр.21/98 и 18/07), 1-ви мај 2022 година (недела) е неработен ден.

Денот на трудот, односно 2-ти мај (понеделник) е неработен ден за сите граѓани на Република Македонија.

-Министерството за труд и социјална политика на сите граѓани во Република Македонија им го честита Денот на трудот, велат од МТСП.

За  Денот на трудот Сојузот на синдикатите најави голем работнички протест со цел за заштита на економските и социјалните права на своите членови и работниците од работниот однос.

Со протестот ќе се изрази револтот кај работниците од незголемување на останатите плати со порастот на минималната плата.

Главното барање е најмалку 2.806 денари нето-износ линеарно зголемување на сите плати во приватниот и во јавниот сектор од 1 мај 2022 година, вклучително од општиот работник до претседателот на државата.

Би можело да ве интересира

Во Прилеп одбележани годишнините од смртта на Гоце Делчев, Пере Тошев и Јосип Броз – Тито

(ВИДЕО)Пензионерите на протест – бараат линеарно зголемување на пензиите од 3 500 денари

Пела Редакција

Нови случаи на заразени

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе