16 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Утре втор „Генералка викенд“ во Крушево

Акција за собирање на отпад во рамки на „Генералка викенд“ спроведуван од организацијата „Мен енд маунтин“ (Man and Mountain) во соработка со општина Крушево ќе се спроведе утре, петок 06 ти мај. Ќе се чисти на 5 локации: во околината на ООУ „Никола Карев“ Крушево, Детското игралиште на Гумење, Спортски центар Езеро, Крушевско Езеро и „Кај клупата“.

Акцијата ќе се одвива во два термини:

  • 10 часот – ООУ „Никола Карев“
  • 11 часот – „Гумење“ и „кај клупата“

„Втора година по ред спроведуваме акција за чистење во рамки на „Генералка викенд“ и ги повикуваме сите граѓани волонтерски да се вклучат во акцијата на една од зададените локации. Минатиот петок засадивме преку 100 дрвца, а еве овој петок еко акцијата што покажува дека сакаме да го подигнеме нивото на свесност затоа што Крушево е нашата иднина“, порача градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски.

Би можело да ве интересира

СВР Битола: управните служби за издавање на патни исправи ќе работат и во сабота

(Видео) Човекот се извини за јавните закани изречени на протесите

Пела Редакција

(ВИДЕО)Форум „ЕкономиУМ“ – економската струка како двигател на општеството

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе