12.1 C
Прилеп
сабота, 23 ноември, 2024
Пела Радио

Ковачевски: Средствата за тутунарите се обезбедени – веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство!

Во врска со исплатата на субвенциите за тутунарите,  на прашање на Радио Пела: кога ќе се реализира исплатата, премиерот Ковачевски денеска од Прилеп упати барање и повик до претседателот на  Комисијата за земјоделство во Парламентот (Љупчо Димовски) со цел да се овозможи неопходната  законска техничка измена,  после која, би започнала  исплатата на финансиската поддршка за предаден тутун од ланската реколта.

Одговорот го пренесуваме во целост:

–  Секоја година се прави една измена во Законот, која што измена значи дека примателите на субвенции, односно производителите на тутун не треба да одат во УЈП и да вадат потврда за платени даноци со цел да се олесни прво исплатата, со цел да се олесни технички поднесувањето на барањето за субвенциите. Значи секоја година во изминатите тоа е техничка измена која што Собранието веднаш ја одобрува. Во овој момент на Комисијата за земјоделство тој закон не се поставува. Јас на 27 ми минатиот месец на парламентарна говорница побарав пратениците веднаш да го стават, бидејќи се работи за техничка измена во еден член која што се прави секоја година. Но, со оглед на тоа што Комисијата се води од пратеник од опозицијата, односно претседател на една од коалиционите партии на ВМРО ДПМНЕ, тој закон сеуште не се става на седница, и не се закажува седница. И само од тука можете да видите дека опозицијата нема никаква намера да не блокира закони кои што значат подобар живот на граѓаните, а овде токму за тоа се работи, бидејќи се обезбедуваат субвенции за производителите на тутун кои што се многу значајни производители во државата. И уште еднаш ја користам оваа можност да ги повикам – веднаш да се закаже седница на Комисијата за земјоделство и таа техничка измена на законот за неколку часа да биде изгласана и да можат веднаш да ги примаат своите субвенции производителите на тутун, рече премиерот Димитар Ковачевски.

Би можело да ве интересира

Шпекулација е веста дека директорката на болницата си дала оставка

Елизабета Филипоска

ВНИМАТЕЛНО! Снегот по патиштата се чисти, но можни се одрони на одредени патни правци

Елизабета Филипоска

Денеска нема новозаболени

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе