Предмалку екипата на скопски Вардар загуби со 2:1 во Битола од Пелистер, во 23. коло од Младинската фудбалска супер лига. Стрелци се Мартин Богданоски во 5. и Христијан Торнески во 33. минута за Пелистер, а Никола Величковски во 87. за Вардар. Овој резултат и годи на прилепска Победа, која е кандидат за титулата шампион. Така, на табелата Вардар води со 52 бода, но со два меча повеќе од Победа која има 50. Прилепските млади фудбалери се со голема шанса да се искачат на првото место и таму да останат до крајот. Оттука внимание привлекува утрешниот дуел во Прилеп, каде Победа го чека скопски Работнички, тим на 12. место со 11 бода. Се очекуваат многу гледачи покрај игралиштето со вештачка трева.
Мечот Победа – Работнички утре (недела) почнува во 12 часот.
Извор: www.shampion.mk