7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

СВР Битола: Внимавајте на кого давате пари за разни услуги договорени телефонски, има појава на измамништво!

Секторот за внатрешни работи Битола денеска со апел до граѓаните да бидат внимателни на кого му даваат пари за одредени услуги договорени телефонски, без претходна проверка или директна комуникација, зашто има појава на измамници кои што „оперираат“ во пелагонискиот регион. Во соопштението се вели:

„Во последно време на подрачјето на Секторот за внатрешни работи Битола забележана е појава на измамени граѓани, каде одредени сторители  на најразлични начини вршат измама и оштетување на истите.

Имено, сторителите ги доведуваат до заблуда оштетените со измислување најразлични приказни и начини да остварат парична или друга корист, ветувајќи им услуги, огревни дрва, лекарства, лажни сообраќајни незгоди, купување на возила, купување на  станови, организации на настани, откуп на железо итн, при што измамниците сето тоа го прават телефонски и не се појавуваат .

СВР Битола бележи пријави од граѓани каде измамниците според утврдена шема се јавуваат во некој ресторан и некој од нив се претставува како раководител или директор на фирма и бара  да му се резервира сала за состаноци, забави и сл. притоа од угостителот бара да ангажира фирма за декорација на објектот  и да ѝ плати. Парите за декорацијата се даваат во кеш на одредено лице кое подоцна исчезнува, а нарачателот е недостапен на телефонот.

Последните пријавени измами во СВР  Битола се однесуваат за откуп на железо каде измамникот телефонски се претставува како лице од Скопје и  истиот кажува дека гради објект и стапува во контакт со сопственик на отпад во Битола и му нуди железо кое му останало од градбата. Пријавителот откако е измамен со давање на пари на одредено лице – такси превозник и измамникот кој е  недостапен на телефон увидува дека е измамен и настанот го пријавува во полиција.

Апелираме до сите граѓани да бидат исклучително претпазливи во комунакација со непознати лица која се  врши по телефнски пат, да не наседнуваат на измами, да ги проверуваат фактите и податоците кои им ги кажуваат на телефон, да не даваат пари на измамниците, на нивни посредници и сл., да не се даваат пари на непроверени клиенти и соработници само врз основа на телефонска комуникација и  секако сите сомнителни случаи да ги пријават во полиција.

Измамите претставуваат кривично дело  по член 247 од Кривичниот законик за кое е предвидена парична или казна затвор од 3 до 5, односно 10 години, зависно од големината на причинетата материјална штета. Секторот за внатрешни работи Битола презема интензивни мерки и активности за расчистување на пријавени измами, “ се вели во соопштението од СВР Битола.

 

Би можело да ве интересира

Утрово нов земјотрес почуствуваа жителите на Битола-Прилеп

Елизабета Филипоска

Градоначалникот Јованоски упати покана за вечерашната прослава

Гордана Цветаноска

Кои екипи играат денеска?!

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе