ПЕЛА YU хитови

ПЕЛА МАК забавно

PELA CAFE

ПЕЛА МАК народно

ПЕЛА YU фолк

CSS Template

Што препорачуваат агрономите за квалитетно тутунопроизводство ?

1.775

Превенција, заштита, прихрана и правилен режим на наводнување се најважните методи во земјоделството. Во услови на расадување на земјоделските култури кога има големи температурни разлики кои создаваат таканаречни стресови на растенијата потребна е дополнителна грижа доколку се стремиме кон квалитетно производство.

– Пред расадување треба да се употребат биостимулатори кои се најбитен фактор за да се подобри водниот режим кај културите, особено кај тутунот и кај пиперот. Од биостимулаторите би го оддвоила Есера Тобако. Земјоделците имаат перцепција и дилема околу ѓубрењето кај тутунот и останатите култури. Но јас би го потенцирала Есера Тобако како најдобар биостимулатор кој конечно пристигна и во Македонија. Овој препарат го подобрува физиолошкиот процес исто ти работата кај клетките на растението, прави подобрување вкоренувањето на растението, хлорофилната маса, што е многу важен фактор кога зборуваме за тутунот за да добие изразито зелена боја, а се зголемуваат и бројот на листови, вели Ели Ристеска, агроном од Земјоделската аптека Фиталија.

Овој течен препарат кој што се увезува од Турција содржи елементи за ублажување на стресните ситуација во време на големи температурни скокови на надворешната средина, при што го штити и стимулира растението за негов правилен развој .     

 

 

– Производите од палетата на Есера се многу успешни за сузбивање на негативните ефекти од температурните шокови, а воедно има поширока заштита бидејќи се вклучува и во борбата со штетниците  и болестите. Делува за подобрување на работата на микроорганизмите во почвата, за правилен воден режим на површинскиот слој од почвата. Се препорачува растението пред расадувањето да се испраска со овој препарат, како и по 3 дена од засадувањето за растението да го добие потребниот воден режим во почвата и подобро да се вкорени, вели агрономот Ристеска посочувајќи ги само дел од предностите на овој реномиран турски биостимуланс.

Воедно, Есера е бренд кој може да одговори на барањата за квалитет и корекција на развојот од прекумерна доза на хербициди и фунгициди. Од земјоделската аптека Фиталија веќе имале практично искуство во контакт со тутунопроизводителите и градинарите од регионов кои што побарале стручен совет и успешно се справиле се проблемот.

 

          ПРЕД ТРЕТМАН СО ЕСЕРА ТОБАКО                                                                                                                                   ТРЕТИРАНО СО ЕСЕРА ТОБАКО

 

За тоа кога и како се користи Есера тобако, Есера плус, Есера органик, Есера турбикум, Есера бакар, Есера калиум и Есера калиум со бор слушнете повеќе од разговорот со Ели Ристеска, агроном од Земјоделската аптека Фиталија (позади катната гаража кај старата автобуска станица).

Vivafarm

Веб -страницата користи колачиња. Со клик на Прифаќам се согласувате со политиката на приватност и колачиња. Прифаќам Повеќе

error: