11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

ЈП „Комуна“ Крушево апелира до граѓаните…

ЈП „Комуна“ Крушево започнува со нов режим на работа и тоа почнувајќи од утре, 01 јуни од кога отпадот од домаќинствата и контејнерите ќе се собира од 5 часот наутро. Јавното претпријатие бара од граѓаните корпите да ги постават на видно место до нивното живеалиште и автомобилите да бидат прописно паркирани, за да може возилата на „Комуна“ да ја завршат работата брзо и ефикасно.

„Во однос на собирањето на отпадот во сабота дополнително ќе ги информираме граѓаните затоа што постои опцијата отпадот да се собира во попладневните часови со оглед на тоа дека недела е неработен ден. Воедно, екипи на Комуна ќе го косат централното градско подрачје. На оние места на кои поради паркирани автомобили ќе бидеме оневозможени да работиме – тревата нема да биде искосена, “ посочуваат од ЈП Комуна.

Соработка меѓу претпријатието и граѓаните е најважна за поубав и почист град.

„Собирањето на отпадот се нешто што се обидуваме да го воведеме во пракса, но се ќе зависи од резултатите на терен,“ вели ВД директорката на „Комуна“ Станка Ефремова Трајкоска.

Би можело да ве интересира

Важно!Јавниот градски превоз со редуциран возен ред

Елизабета Филипоска

И, Прилеп ќе добие апарат за магнетна резонанца најави министерот Филипче

Елизабета Филипоска

Општината Одинцово од Москва ќе се збратимува со Прилеп

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе