11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Тутунарите ќе ги добијат субевенциите! Изгласан законот за земјоделство и рурален развој

Веднаш може да почне исплатата на субевнциите за тутунарите. Пратениците едноглансо го поддржаа измените во законот за земјоделство и рурален развој откако претходно власта и опозицијата меѓусебно се обвинија за нивното доцнење.

Според министерот Николовски, парите за тутунарите се обезбедени со буџетот и не е потребен ребаланс за да бидат исплатени, но ВМРО ДПМНЕ го блокира носењето на законот.

Опозицијата го поддржа законот за тутунарите конечно да можат да ги земат парите, но велат дека законското решение не ги уредува докрај деталите, а земјоделците и натаму ќе бидат незадоволни.

По гласањето, министерот Николовски со писмо побара од претседателот Пендаровски веднаш да ги потпише измените за 20.000 тутунари да можат да ги добијат субвенциите.

Деновиве, Министерството за земјоделство неколку пати апелираше пратениците да гласаат за овој закон, заради 20 илјади домаќинства кои живеат од тутунот. Министерството гарантира дека парите за субвенции се обезбедени во буџетот и дека од утре Платежната агенција почнува со подготовка на решенијата.

Би можело да ве интересира

Што мислат штедачите од Прилеп за падот на Еуростандард банка ? (АУДИО АНКЕТА)

Гордана Цветаноска

Мирчески: годинешните 290 денари, вредат двојно помалку од ланските 200 денари!

Гордана Цветаноска

Прилепска Пиварница продолжува со инвестициите

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе