7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Голем интерес за упис во СОУ „Орде Чопела“ Прилеп

Во тек се уписите за новите средношколци кои веќе направија избор на струките и профилите за новата училишна средина. Електронското пријавување започна од 10 јуни, а заклучно со утре 15 јуни до 15 часот учениците пополнуваат пријави и електронски аплицираат за запишување во средните училишта за учебната 2022/2023 година.  Со оглед на тоа што за прв пат годинава апликацијата е по електронски пат, во училиштата има обезбедено тимови кои им помагаат на учениците и нивните родители. Така беше денеска и во СОУ Орде Чопела каде наставниот кадар подготвено ги пречекува зинтересираните ученици. Според првичните сознанија и пројавениот интерес ова училиште прераснува во средношколски центар кој што е мошне атрактивен за идните средношколци,  вели Анета Пејоска, директор на СОУ „Орде Чопела“ .

– Зачудувачки голем е интересот за упис на ученици во прва година во СОУ Орде Чопела доста. Сите сме спремни и ги очекуваме учениците да дојдат и да се запишат кај нас во нашето училиште. Учениците имаат можност да се пријават електонски да попоплат пријава на https://e-uslugi.mon.gov.mk/ , а доколку се чувствуваат неспремни и имаат некаков проблем при аплицирањето он-лајн можат да дојдат во нашето училиште да им помогнеме во процесот на пријавување, тоа слободно можат да го сторат во деновите за пријавување денеска и утре, да ги донесат документите и да им помогнеме при нивниот упис. Роковите за првото пријавување се 14 и 15 јуни, доставување на документација е 16 и 17 јуни, до 19 часот и двата дена. Второто пријавување ќе се одвива на 21 и 22 јуни електронски, а доставување на документите е на 23 и 24 јуни до 19 часот. Како и трето пријавување има на 28 ми јуни до 24 часот електроски, а на 29 ти јуни доставување на документите. Сите ученици кои одлучиле да се запишат во СОУ Орде Чопела Прилеп ги очекуваме да дојдат во просториите на училиштето и да ги донесат своите документи и да се запишат, посочи Пејоска.

Атрактивните струки и профили, како и одличните услови за изведување на наставната и практична надградба се пресудни за големиот интерес на новите средношколци.

– Во градежно геодетската струка запишуваме геодетски техничар, градежен техничар и архитектонски техничар со со минимум 45 поени за упис. Тука учениците земаат стипендија од 2 200 денари во текот на 9 месеци поради дефицитот на струката.

Запишуваме ученици во земјоделско – ветеринарна струка, агро техничар, техничар за агро менаџмент таа ни е дуална паралелка и таму учениците добиваат стипендија од 2 500 денари во текот на 9 месеци, техничар по ветеринарна медицина и техничар за фито медицина.

Во хемиско технолошката струка имаме исто дуална паралелка прехранбен техничар каде учениците добиваат стипендија од 2 500 денари во рок од 9 месеци и таму минимум поени за запишување се 45, техничар за заштита на животна средина и хемиско лабораториски техничар имаат учениците за упис 45 поени. Запишуваме ученици и во струката лични услуги и тоа техничар за очна оптика со минимум 60 поени и здравствена струка имаме втора година по ред во нашето училиште каде што запишуваме ученици медицинско лабораториски санитарен техничар со минимум 70 поени. Во СОУ Орде Чопела има можност за намалување на поените за второто пријавување во сите струки и профили, освен во здравствената каде останува истиот минимален праг од 70 поени,“ вели Пејоска.

Во поглед на потребните документи, а што се однесува до изводите, да нема забуна учениците можат да приложат и постар извод, така што останува само личниот избор на профилот или струката.

Би можело да ве интересира

Индустриското училиште во Прилеп започнува нова ера во македонското образование

Гордана Цветаноска

(ВИДЕО)Новогодишнaта приказна започна во ООУ „Климент Охридски“ Прилеп

Пела Редакција

Младите во Прилеп ќе учат вештини за полесно да се вработат (ВИДЕО)

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе