13.3 C
Прилеп
петок, 5 јуни, 2026
Пела Радио

Македонија седма во Европа со футсалците од Ристе Ристечки Ричко

Дека младите прилепски фудбалери имаат светла перспектива потврдата дојде од Европското првенство во футсал за ученици до 18 години што се одржува во Бања Лука, Република Српска.  Како македонски шампиони футсал екипата на СОУ “Ристе Ристески – Ричко“- Прилеп  избори седм место во Европа во конкуренција на 15 екипи.
Нашите футсалци последниот натпревар против селекцијата на Србија 2 го добија со службен резултат, откако противникот поради бројни повреди не настапи.

Футсал екипата од Ричко играше четири натпревари, од кои два со нерешен резултат против екипата на Словачка и Белгија. Со екипата на Унгарија 3 извојуваа голема победа од 10:1, додека единствениот пораз го претпреа во битката за полуфинале против екипата на Унгарија, со идентичен резултат.

Европското првенство за футсал во Бања Лука завршува на 16 ти мај. Прилепските млади футсалци се враќаат во Прилеп со богато меѓународно искуство, несомнено потребно за нивната натамошна кариера.

Македонската делегација во Бања Лука ја сочинуваат: Виктор Анѓелевски, Мартин Деркоски, Теодор Героски, Ведран Магленски, Леонид Митрески, Димитар Оклески, Давид Паскоски, Андреј Петрески, Бернис Селимоски, Бруно Стефаноски.
Тренер: Илија Ангелески. Помошен тренер: Христијан Митрески. Судија: Димитар Здравески.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО)Јакимовска: Суштина, тло и темелот на една компанија е ЧОВЕКОТ!!!

Ќе се гради хидроцентралата „Чебрен“, избрана грчка фирма за концесионер

„Жени“ – една поинаква театарска престава

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе