Сите деца, но особено децата со посебни потреби заслужуваат достоинствени услови за живот и образование . Затоа сите општествено одговорни чинители се должни да помогнат во обезбедување на подобри услови за нив. Особено обезбедување на простор за непречено одвивање на нивните едукативни активности.
Тоа успешно деновиве го реализира ООУ „Климент Охридски“ -Прилеп, единствено училиште во Прилеп кое има паралелки за деца со посебни потреби, кое помогнато од неколку приватни компании кои ја покажаа својата опшествено одговрност, се вклучија во обновување и целосната реконструкција на тоалетите каде што учат децата со посебни потреби.
Но, покрај реконструкцијата, она што привлече внимане е иновативноста и кратививноста на изведбата – тоалетите наликуваат на бајковита приказна каде се исцртани ликовите од бајките кои децата ги обожаваат.
Кријативноста и идејното решение привлече интерес кај јавноста и медиумите кои ја пренсоа оваа инфомрација како позитивен приказна како треба да се грижи заедницата и институциите за децата со посебни потреби , а на својат фејсбук профил страница со гордост се пофали и им се заблагодари на сите компании кои помогнаа од името на децата со посебни потреби , директорот на училиштето Ахил Јаков.