8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Од утре нема одење во шума! Ќе следат казни!

Од утре нема одење во шума. Високите температури и опасноста од пожари го вклучија алармот во Национални шуми, па воведуваат забрана за движење. Таа ќе трае од од шест наутро до осум навечер. Оние кои нема да ја почитуваат и ќе бидат затекнати во шума, ќе бидат казнети. Глобата се движи од 1.500 до 2 илјади евра.

Движењето ќе биде дозволено единствено со писмено одобрение издадено од подружниците на ЈП „Национални шуми“.-информираат од Центарот за управување ос кризи.

Оваа  забрана за движење во шумите и шумското земјиште не важи за Министерството за внатрешни работи, Шумската полиција, Центарот за управување со кризи, Дирекцијата за заштита и спасување, Државниот инспекторат за шумарство и ловство, ЈП „Национални шуми“, субјектите што вршат шумскостопански активности, сеча, дотур и транспорт на дрво и дрвни сортименти, стручните служби на концесионерите на дивечот во ловиштата и лица коишто имаат писмено одобрени за движење во шумите.

За спроведување на забраната одговорни се вработените од ЈП „Национални шуми“ кои вршат дејност заштита, Шумската полиција и МВР.

Од Национални шуми велат, забраната ќе важи се до проценката дека е намален ризокот од појава на пожари. Лани, ваква забрана беше донесена во август, откако избија повеќе пожари ширум држава.

Би можело да ве интересира

Мал новогодишен прилепски саем на книги

Пела Редакција

Општина Новаци започна со планирање на Буџетот за 2023 година

Гордана Цветаноска

„УБАВИНА УЛОВЕНА ПРЕД ДА ИСЧЕЗНЕ“,ретроспективна фото-документарна изложба за промоција на Македонија

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе