7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Физичкото насилство во регионов во постојан раст

Дека физичкото насилство во регионов е во постојан раст потврдуваат информациите од полициски билтен кои на дневна основа се однесуваат на пријави од граѓани или интервенции од полициските службеници за спречување на насилство или нарушување на јавниот ред и мир:

„На 28.06.2022 во ОВР Прилеп, 47 годишен маж од Прилеп пријави дека неговата сопруга М.А. од Прилеп физички го нападнала. Се преземаат мерки
за расчистување на случајот.
На 28.06.2022, полициски службеници од Полициското одделение Кривогаштани ги лишиле од слобода Д.К.(33) од с.Бела Црква , Х.Н.(18) од
с.Света, З.К.(53) од с.Единаковци и Љ.Н.(57) од с.Света затоа што го нарушиле јавниот ред и мир во угостителски објект во с.Кривогаштани. По документирање на случајот против лицата ќе биде поднесена соодветна пријава.

На 28.06.2022 на ул.„Борка Утот“ во Прилеп, полициски службеници од ОВР Прилеп, врз основа на судска наредба, го привеле Д.Ќ.(45) од Прилеп за
издржување на казна затвор од една година. Лицето било предадено во Казнено-поправната установа Затвор Битола за издржување на казната“, стои во информацијата од СВР Битола.

 

Би можело да ве интересира

Украл 3 возила и и’ признал на полицијата

Пела Редакција

Тешка сообраќајна несреќа на влезот во Прилеп – патот меѓу Прилеп и Битола е целосно во прекин

Пела Редакција

Полицијата во голема акција – во Прилеп се апсат дилери на дрога

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе