26.5 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

Полициска хроника: Физички напад, одземена дрога, пожар, пронајдени 8 гранати во с. Мраморани

Денеска,  12.04.2023 на ул„Пере Тошев“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Е.Ш.(35) и Е.Р.(35), двајцата од Прилеп. При преглед на патничко возило „фолксваген голф“ со прилепски регистарски ознаки, управувано од Е.Ш., а сопатник бил Е.Р.(35), кај Е.Ш. била пронајдена и одземена прашкаста материја.  По документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.

хххххххххххх

Денеска ( 12.04.2023) во ОВР Прилеп, Ф.М.(34) од Прилеп пријавил дека во неговиот дом со употреба на дрвени и метални предмети бил физички нападнат од Б.А. и З.А. од Прилеп, по што го оштетиле и неговото патничко возило „форд“. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

хххххххххххх

Вчера, на 11.04.2023 во СВР Битола, А.П.(50) од Прилеп пријавил дека во с.Мраморани, прилепско, пронашол предмети кои наликувале на гранати.  Пиротехничар од Дирекцијата за заштита и спасување Битола излегол на местото и било констатирано дека се работи за осум парчиња мини минофрлачи калибар 75мм од Првата светска војна. Пронајдените минофрлачи биле подигнати за понатамошна постапка.

хххххххххххх

Вчера на 11.04.2023 во ОВР Прилеп било пријавено дека на ул.„Скопска“ на бандера настанал пожар во куќиште сопственост на кабелска телевизија.  Пожарот бил изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Прилеп, а повредени лица нема.
Увид бил извршен.

Би можело да ве интересира

Прилепчанец со пушка пукал во куче, но во глава го погодил братучедот

Опожарени новите електрични мини-буси во Прилеп на Автобуската станица

Пела Редакција

Прилепски угостител им точел алкохол на малолетници

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе