7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Вечерва почнува Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“

Од 20 часот во центарот на Прилеп на камената бина на плоштадот Александрија ќе се разлее македонската изворна песна. Фестивалот на народни инструменти и песни „Пеце Атанасовски“  ќе го стартува своето 48 мо издание. Од цела Македонија околу 300 изведувачи на изворната песна, оро и инструменти ќе се претстават со своите најдобри композиции пренесувајќи ја пораката дека традиционалното изворно наследство се негува, пренесува и живее. Утре на Рудина кај Долнени е втората фестивалска вечер која што е резервирана за гајдаџиите, кавалџиите во придружба на зурлите, тапаните, и се’ она претставува белег на македонскиот музички код низ вековите, а и денес. Организаторите се погрижија за бесплатен превоз за сите вљубеници  во македонскиот етнос  кои што сакаат да ја проследат втората фестивалска вечер во Долнени на Рудина, каде ќе бидат прогласени најдобрите изведувачи.

Манифестацијата вклучува и настани кои започнаа деновиве како и придружни активности. Во ликовниот салон во Центарот за култура „Марко Цепенков“ денеска од 11 часот е симпозиумот на тема „Фолклорот во минатото и денес“ , а деновиве се одржуваше и семинарот за изучување на изворните инструменти. Учествуваа десетина млади кои со талентот сакаат да ја продолжат фолклорната традиција.

Би можело да ве интересира

Како постапија институциите со жената што се породи под мостот?!

Елизабета Филипоска

Прегазена 80 годишна жена во Тополчани

Пазарџиите револтирани на „дивите„ продавачи бараат локалната власт да го реши проблемот или нема да плаќаат даноци и закуп

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе