15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Се санира патот Крушево – Пуста Река

Во соработка со Јавното претпријатие за државни патишта и Македонија пат се санира патот Крушево-Пуста река, кој што има сериозни оштетувања.

Се врши поправка на ударните и поголеми дупки на овој регионален пат, а Градоначалникот на Општина Крушево, Томе Христоски  беше на увид каде што градежната оператива  започна со работа.

„За оваа година издејствувавме санација на овој регионален пат. Со тоа, ќе го олесниме движењето на возилата, иако не се работи за целосна реконструкција. Граѓаните мора да добијат пристојни патишта за движење, како локални, така и регионални“, порача Градоначалникот Христоски.

Би можело да ве интересира

ПЛАНИРАЊЕ НА БУЏЕТОТ НА ОПШТИНА НОВАЦИ ЗА 2023 ГОДИНА, ТРЕТА ФОРУМСКА СЕСИЈА

Во Долнени и Кривогаштани отворени подрачни канцеларии на Меѓуопштинскиот центар за социјална работа – Прилеп

Наставата во основните и средните училишта ќе почне со физичко присуство, одлучи Владиниот кризен штаб

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе