Стартуваше фестивалската магија во градот под Марковите Кули.Пиво, скара, посетители, задоволни угостители и загарантирана забава за сите генерации.На првата фестивалска вечер настапија , Елена Петреска, Балканика,Нино Величковски, Ален Хасановиќ, Љубојна, ДНК и Џамбо Агушев оркестра.Екипата на РАДИО ПЕЛА на своите фанови и слушателска публика им пренесе и дел од атмосфера од ПИВО ФЕСТ 2022 и тоа токму кога публиката уживаше во ритамот на Љубојна.
Прилепскиот пиво фест продолжува и вечерва со настап на главната сцена на Рок Блуз Бенд, Игор Џамбазов и Гуру Харе , Нокаут , Ареа, Дивље Јагоде и Brass Brothers а на алтернативната DJ Anna Nodie и Lile Diva.
И како што рече на отворањето и првиот човек на Прилеп , сите заедно да уживаме 4 дена на овогодинешниот ПИВО ФЕСТ исполнет со супер забава , одлична скара и ладно пиво.