19.8 C
Прилеп
среда, 24 јуни, 2026
Пела Радио

„Педали и приказни“ на плоштад во Прилеп: музика, возење велосипед, проекција на филмови

Форум за Авангардна Креативност – Прилеп (ФАК) и NGO Go Green работат на реализирање на проектот „Педали и приказни“ помогнати од фондацијата HEARTEFACT, во соработка со Општина Прилеп, НУЦК Марко Цепенков, СОУ Ристе Ристески Ричко, СОУ Ѓорче Петров и CLS Equipment.

Во рамките на третата епизода, граѓаните на Прилеп ќе можат да бидат дел и да учествуваат во следните активности од проектот „Педали и приказни“ :

17.00 – 19.30 DJ

18.00 Критична маса (возење на велосипед низ прилепските улици)

19.30 Проекција на ЕКО филмови: „P 3“ – 13 минути; „Home Sweet home“ – 14 минути

Паралелно со активностите кои се одвиваат на плоштадот во центарот на градот и низ прилепските улици, учениците и нивните ментори во СОУ Ристе Ристески Ричко изработуваат мурал кој ќе биде презентиран пред прилепската јавност во последната епизода од проектот.

Повод за реализација на овие активности е што Прилеп – како и другите помали градови во Македонија – јавниот простор останува недоволно искористен како место за култура, слободен израз и граѓанска поврзаност. Културните настани главно се одвиваат во затворени, институционализирани формати, што исклучува многу граѓани, особено млади луѓе, надвор од системот и ги прави маргинализирани групи. Во тој контекст проектот вклучува културни работници и уметници и ги реализира следниве активности : проекција на филмови на јавен простор и изработка на мурал.

Воедно, вело-културата е недоволно развиена и сè уште не е препознаена како дел од одржливиот урбан живот, иако има потенцијал да ги поврзе луѓето со градот, со природата и едни со други. Проектот „Педали и приказни“ одговара на овие предизвици со тоа што ја отвора културата кон улицата, создава простор за дијалог, уметност и активизам и ја приближува до заедницата преку пристапен, одржлив и ангажиран формат.

Би можело да ве интересира

За заштита на своите граѓани, Прилеп донесе и локални мерки за превенција од COVID-19

Замрзната слика на (не)чисти улици

Ансамблот „Танец“ ќе настапи во Прилеп со целовечерен концерт

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе