16.1 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Приведен прилепчанец, се обидел со мотоцикл да удри полициски службеник

Физички напад, меѓусебна физичка пресметка и обид за удирање на полициски службеник со мотоцикл бележи полициската хроника за Прилеп:

„На 15.07.2022 на ул.„Сотка Ѓорѓиоски“ во Прилеп полициски службеници од СВР Битола–ОВР Прилеп ги лишиле од слобода Т.К.(46) од Битола и Б.К.(48) од Прилеп затоа што го нарушиле јавниот ред и мир со меѓусебна физичка пресметка. По целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесена соодветна пријава.
На 14.07.2022 во ОВР Прилеп, Б.М.(51) од Прилеп пријавил дека на ул.„Орде Чопела“ бил физички нападнат од едно лице. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

На 14.07.2022 на ул.„Горан Миноски“ во Прилеп, полициски службеници од СВР Битола – ОВР Прилеп го лишиле од слобода Д.А.(34) од Прилеп.
Претходно, додека управувал мотоцикл, тој не застанал на знак за запирање даден од полициски службеници, а се обидел со мотоциклот да удри
полициски службеник. По целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава, “стои во известувањето на СВР Битола.

Би можело да ве интересира

Две лица ги загубија животите во тешка сообраќајна несреќа на патот Битола – Прилеп. Патот веќе не е во прекин

Едно лице е со тешки телесни повредени од синоќешната незгода во центарот на Прилеп при судир на автомобил и кола за сечење дрва

Полициската контрола во два различни случаи резултирала со одземање на оружје и дрва

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе