11.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Момироски: Договорот е филмот „Том и Џери“ да биде ставен на пауза!!!

Долгогодишниот новинар Зоран Момироски со фејсбук статус го изнесе своето мислење, за како што вели „пироманскиот неред“ што му се случува со Прилеп. При тоа тој, ги отфла сомнежите дека станува збор за политички пресметки и некаков реваншизам поврзани со „францускиот предлог“ .   Последниве месец дена сведоци сме на цела низа од опожарени возила на прилепски функционери. Која е причината?

Го пренесуваме фејсбук статусот на колегата Момироски:

Мачорите од Скопје дојдоа, прилепските мачиња и глувци се напикаа во своите дупки. Договорот е филмот „Том и Џери“ да биде ставен на пауза!!!

Ќе продолжи кога мачорите ќе си се вратат во својата база. Оти ноќва само тие „царуваат“ на улиците!!!

Денеска се изнаслушавме дека францускиот предлог бил причина за синоќешниот пиромански неред во градов. Па дека таква несреќа предходно доживеле директорот на ЈКП Комуналец и чиновник – државен службеник во општината. И се’ поради тоа што се од спротивниот табор и против францускиот предлог. Мене ми се чини дека не ќе е баш така. Знаат „владиката, ама знаат и поповите“!!! Една е вистината: само траумите во семејствата ќе останат!!!

А играта меѓу Том и Џери ќе продолжи.

Кој разбра добро. Кој не разбра уште подобро!!!

Би можело да ве интересира

За Крстот на Марковите Кули и Крстовден

Елизабета Филипоска

(ВИДЕО)Нашето одделение беше највесело, оти се раѓаа нови животи

Гордана Цветаноска

Улица од 21 век

Елизабета Филипоска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе