7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Делегацијата на прилепската локална самоуправа положи цвеќе пред споменикот на Методија Андонов Ченто

Делегација на локалната самоуправа, предводена од градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески, преставници од Советот на Општина Прилеп заедно со Претседателот на Советот на Општина Прилеп, Дејан Проданоски, прилепскиот пратник , Петар Ристески, преставници од здружение на граѓани и  политички партии,  по повод одбележувањето на 65-годишнината од смртта на првиот Претседател на Президиумот на АСНОМ, Методија Андонов- Ченто,  денеска положија цвеќе и се поклонија  пред спомен-  бистата, изградена во негова чест, во центарот на Прилеп.

При ова, на својот фејсбук профил, градоначалникот на Прилеп напиша „ Ченто како македонски национален борец, деец и политичар и прв претседател на Президиумот на АСНОМ, со своите дела во текот на својот живот, го трасираше патот по кој треба да чекорат идните генерации, водени од идејата за самостојна, независна и суверена Република Македонија.„

Македонскиот национален деец , Методија Андонов – Ченто е роден 17 август 1902, а животот го завршил на 24 август 1957 година

Би можело да ве интересира

Ни ал, ни абер од старт на реконструкција на улицата „Леце Котески“

Гордана Цветаноска

Прилепчанец пронајден мртов во парк

Пела Редакција

Гаврил Кочоски ја пронајде паричката за Василица во Прилеп

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе