15.5 C
Прилеп
четврток, 4 јуни, 2026
Пела Радио

Координативен состанок за претстојниот Пиво-Фест

Прилеп интензивно се подготвува за претстојниот Пиво-Фест што ќе се одржува од 14-17 јули. Денеска на дневен ред на координативниот состанок под раководство на градоначалникот Борче Јовчески била безбедноста и мерките кои што треба да се преземат, како и одржување на јавната чистота за време на оваа забавна манифестација. На состанокот станало збор за мерките за безбедност на манифестацијата и начините како ќе се реализира  организацискиот дел, вклучително и одржување на чистотата на градот.
„По две години пауза и затворање на дуќани во старата прилепска чаршија, се надеваме дека ќе имаме успешен Пиво-Фест, кој што ќе ја оживее локалната економија“- посочил градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески.
На состанокот присуствувале претставници од СВР Битола и ОВР Прилеп, Територијалната противпожарна единица Прилеп, како и од јавните претпријатија.

Би можело да ве интересира

Прилепските лозари ги закроија лозјата зa Св.Трифун

ОВР Прилеп: додека соучениците го тепале, еден снимал со телефон

Пела Редакција

Финансиската поддршка за тутунопроизводството е иста, наскоро исплата на субвенциите за реколта 2025 та

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе