7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Благодарност до пожарникарите за пожрвуваноста во спасувањето на домовите на 4 семејства

Градоначалникот на Прилеп, Борче Јовчески додели 20 благодарница на пожарникарите кои учествуваа во гаснење на пожарот што се случи во Прилеп, кога гром удри во една од куќите на ул. Кузман Шапкарев во Прилеп и беше причина да се запалат и соседните три куќи. Три час екипата на ТППЕ Прилеп го гаснеше пожарот кои беше распламтен поради силниот ветар. За нивната пожртвуваност. во напорит да се спасат домовите на своите сограѓани. и во нивните напори да помогнат да се спасат животите на луѓето во домовите грдоначалникот,  од името на градот изрази благодарност и ги посети пожарникарите во нивната прва смена и им додели благодарници во знак на почит.
„Ви изразувам голема благодарност до сите Вас, кои несебично го жртвувавте Вашиот живот, спасувајќи ги домовите на 4-те прилепски семејства чии куќи, во четвртокот, изгореа при удар на гром. Вашата битка, со огнените јазици е повеќе од херојство и градот Ви благодари за несебичната пожртвуваност и напорот кој го направивте, да ги спасите домовите и животите на луѓето и да не дозволите пожарот да се прошири и врз другите куќи.
Благодарност упатувам до сите Вас, подеднакво! Суштината на пожарникарската професија е спасување, помагање и пожртвуваност. Токму, такви луѓе сте Вие – професионални и одговорни. Ви честитам Градот е горд што има ваква пожарникарска служба и вакви пожарникари, совесни, одговорни и посветени професионалци! Затоа, во мое име, и во името на Локалната самоуправа, сакам симболично да Ви доделам Благодарници од Општина Прилеп, во знак на почит за Вашата пожртвувност во изведувањето на работните задачи!-напиша градоначалнигот Јовчески на својата ФБ страна.

Би можело да ве интересира

Донаторски концерт на духовна и македонска народна музика за доизградба на храмот Св. Петка

Пела Редакција

Прилеп го одбележа Илинден, Денот на Републиката

Пела Редакција

(Видео) Градоначалникот Јовчески со новогодишна порака до граѓаните на Прилеп

Пела Редакција

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе