7.1 C
Прилеп
среда, 18 декември, 2024
Пела Радио

Кривична пријава за дилер од долненско, одреден притвор

Секторот за внатрешни работи Битола-ОВР Прилеп, Надворешната канцеларија за криминалистички работи Прилеп на 30.07.2022 до основното Јавно обвинителство Прилеп поднесе кривична пријава поради постоење основано сомнение за сторено кривично дело по чл. 215 од Кривичниот законик против А.Ј.(26)од с. Сарандиново, Општина Долнени. Имено, на 30.07.2022 од страна на полициски службеници на ул”Кеј 9 Септември” во Прилеп при извршен преглед на возило “мазда 6”, со прилепски регистарски ознаки, управувано од пријавениот А.Ј., пронајдени и одземени се 37 таблети екстази и пакетче со прашкаста материја, наменети за понатамошна продажба. Лицето е приведено и изведено пред судија на претходна постапка од чија страна е одредена мерка притвор во времетраење до 30 дена при што истиот е спроведен во Казнено- поправната установа Затвор Битола.

Би можело да ве интересира

Уапсен Албанец кој предизвикувал пожар на Плетвар

Гордана Цветаноска

Во Прилеп опожарено уште едно возило

Пела Редакција

Уапсен насилник кој физички ја нападнал сопругата

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе