8.7 C
Прилеп
вторник, 1 април, 2025
Пела Радио

Викендов во Крушево, саем за производители и туризам и неколку спортски настани

Саемот за производители и туризам ќе започне во 10 часот во сабота(20.08.2022г.) во спортската сала Војвода Ѓорѓи Стојанов, а бизнис форумот ќе се одржи ден потоа во горната училишна зграда со почеток во 11 часот.

На саемот ќе учествуваат околу 20 компании од Македонија и Балканот и истиот ќе биде отворен до 17 часот. Веќе во недела, 21.08.2022г., ќе се одржи бизнис форум на кој ќе се претстават компаниите учесници. Форумот ќе биде отворен за посетители до 15:30 часот.

Викендот што претстои ќе се одржат уште неколку настани. на 19-ти август ќе започне ФИС ролер ски купот „Тоше Проески“, а на 20-ти и 21-ви ќе се одржи фестивалот на отворено Крушево низ корија.

Саемот и бизнис форумот се организираат од маркетинг агенцијата Еуростеп и општина Крушево во соработка со компаниите учеснички.

Би можело да ве интересира

Христоски: Крушево е големо градилиште, приоритет е привлекување нови инвестиции

Пуштено во употреба целосно реновираното подрачното училиште при ОУ „Никола Карев“ во с. Борино, крушевско

Гордана Цветаноска

Викендот во Крушево започнува фестивалот на отворено „Крушево низ корија“

Гордана Цветаноска

Порталот ПелаМК користи колачиња за да го подобри вашето искуство. Можете да се откажете во секое време. Прифаќам Повеќе